Стевчо Јакимовски: „Ова не е од амбасадата на САД, туку од македонски кодоши“

March 20, 2024
1 min read

Социјалдемократите повторно го повикаа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да го стави на дневен ред во собраниската Комисија за надворешна политика предлог Законот за рестриктивни мерки, кој се однесува на лицата опфатени со т.н. „црна листа“. Од СДСМ денеска не го коментираа предлогот на Милошоски власта да ги гони овие лица преку Законот за меѓународна соработка и заеднички македонско-американски истражен тим. Според владејачката партија, потегот на Милошоски со Законот за рестриктивни мерки покажувал дека опозицијата блокира сè што е во насока за борба против корупцијата.

„Пратеникот Антонио Милошоски најпрвин треба да се одважи и да ја закаже Комисијата со којашто раководи во Собранието и на дневен ред на таа собраниска Комисија да го стави Законот за рестриктивни мерки и така да покаже дека има некакво залагање во делот на овие прашања, но како и во минатото, така и сега, видовме дека и ДПМНЕ и Милошоски и Мицкоски само декларативно се заложуваат за борба против криминалот“, рече Дарко Каевски – пратеник на СДСМ.

Од опозицијата претходно предложија Законот за рестриктивни мерки, кој инаку предвидува Обвинителството да постапува против лица кои би завршиле на американската и европските црни листи, да биде тема на стручна јавна расправа. Тој предвидува и Судот да има можност да изрече мерка – забрана за извршување јавна функција. Од ВМРО во меѓувреме обвинија дека власта штити лица кои се непожелни за Вашингтон.

„….На ‘црната листа’ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Јакимовски, кoj е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери. СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност…“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски пак, денеска во Обвинителството поднесе кривична пријава против непознато лице. Наместо кон Стејт департментот, тој прстот го впери кон државјани на Македонија кои се обиделе да влијаат на претседателската трка.

„Ова не е од истражни органи, ова не е од претставници на амбасадата и официјалната американска политика, туку е од македонски кодоши коишто се впуштени во овие нечесни игри и коишто цело време суфлираат кој е тој што треба да се најде на црна листа“, рече Јакимовски.

Јакимовски и обвинителката Катица Јанева завчера завршија на американската „црна листа“ поради корупција и поткопување на владеењето на правото.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЌЕ ПЛИВААТ ВО ПАРИ: Помрачувањето на полната Месечина во Вага носи финансиско изобилство за овие 2 знаци

Следно

Инвестициски бум во соларна енергија, ќе го запре ли увозот на струја?

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop