Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

March 19, 2024
1 min read

Неодамна во Британија излезе „алармантна“ студија на влијателниот конзорциум Спектрум која вели дека 1,68%  од возрасната популација пуши „тутун без цигари“. Ова изнесува приближно 772.800 возрасни кои користат пури, лулиња, цигарилоси и наргилиња, но не пушат цигари.

Од нив, пурите се најпопуларни. Авторите тврдат дека процентот на возрасни Англичани кои пушат вака (не цигари) се зголемил од 0,36 отсто во 2013 година на 1,68 отсто денес. Растот детектиран во 2020 година се поклопува со моментот кога истражувањето, наместо лице в лице, заради пандемијата, почнува да се спроведува телефонски.

Стандардно правило е дека секое нагло отклонување (нагоре или надолу) во долготрајни серии на податоци се должи на промена во методологијата. Кога станува збор за анкети, допирате до различни групи луѓе во зависност од тоа дали ќе им тропнете на вратата, ќе им телефонирате или ќе користите онлајн прашалник. Има разлики во  веројатноста луѓето да признаат лоши навики во зависност од тоа дали ќе ги прашате лице в лице, преку телефон или на веб.

Наглото зголемување на бројот на луѓе кои тврдат дека пушат тутун без цигари е очигледно резултат на промената во методологијата, но авторите сепак одбиваат да го признаат тоа. Наместо тоа, изнесуваа куп неверојатни објаснувања за тоа зошто луѓето одеднаш почнале да пушат пури и наргилиња во март 2020 година, меѓу кои и поради страв дека пушењето цигари го зголемува ризикот од добивање ковид (?) а спомнуваат и некакви економски притисоци што значеле дека луѓето можеле да си дозволат само да пушат пури (!).

Мотивите во крајна линија се политички, да се внесат сите овие производи во листата на забранети уживања. 

Тврдењето дека пурите и лулињата се „слично штетни по здравјето“ нема основа, едноставно затоа што чадот не се вовлекува.

Има една американска студија од 2010 година на таа тема а и друга последователна дека пушачите на луле и пури имаат повисока стапка на смртност од непушачите, но многу пониска стапка од класичните пушачи, при што ризиците се 80 или 90 отсто помали.

Ова не се „слични“ ризици, но авторите на Спектрум се упорни во намерата владата на Риши Сунак да ги вклучи овие производи во оној закон кој ќе им забрани на родените по 2008 година да купуваат тутунски производи.

Кој се штити со вакви напнувања?

Очигледно е дека пурите и лулињата немаат посебна привлечност за децата. А ако идните генерации на хипстери сакаат да пушат луле, зошто да не? Зошто возрасен маж да не може да ужива во пура на свадба?

„Ова е институционализиран фанатизам и не е ни чудо што владата се обидува набрзина да ја спроведе легислативата пред луѓето да забележат што се случува“, пишува Кристофер Сноудон во Критик.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Физичка пресметка меѓу две жени во Аеродром

Следно

Мажите пред тешка одлука: Дилета или Елеонора?

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop