Како американскиот рамковен го уби американскиот микрочип

March 19, 2024
2 mins read

Интел на крајот од февруари објави дека запира со својата изградба на фабриката во Колумбус. Најголемиот производител на чипови во светот, тајвански ТСМЦ, објави дека го одложува почетокот на својата втора фабрика во Аризона, а Самсунг ја одложи изградбата на првата фабрика во Тексас.

„Ова не е начинот на кој компаниите обично одговараат на 39 милијарди долари пакет за субвенции. Па што ја објаснува ваквата неблагодарност на производителите? Во најголем дел фрустрираност од ДИЕ барањата вградени во ЧИПС актот,“ пишуваат Мет Кол и Крис Николсон во колумната за Хил.

ДЕИ е кратенката за разноликост, правичност и инклузивност (diversity, equity, and inclusion), која опфаќа едно чудо идентитетски правила и обврски за корпоративна Америка за вработување и промовирање на најразлични демографски групи, главно не бели и посебно не бели мажи.

Анализата на ЧИПС актот покажала дека во него има 19 поглавја кои се насочени кон помагање на малцински групи, вклучително и креирање на позицијата Главен офицер за разноликост во Националната научна фондација и неколку насоки кои приоретизираат научна соработка со „институции кои им служат на малцинства.“

Во еден дел на министерството за трговија му се наложува да работи со бизниси во сопственост на малцински групи и да се осигура дека производителите на чипови „ќе го зголемат учеството на економски обесправени поединци во работната сила на производителите на чипови“.

Во барањата се предвидува и дека производителите на чипови треба да поднесат детални планови за образование, вработување и обука на голем број жени и луѓе со боја, како и „поединци со контакт со правдата“ терминот што се користи за поранешни затвореници.

Употребливоста на сите овие рамковни групи во производството на најкомплексната технологија на денешницата, на ТСМЦ му стана јасна уште во работата првата фабрика кога уморни од постојаното одлагање, компанијата донесе 500 свои работници од Тајван.

„Ова ги разлути локалните работници, бидејќи импликацијата беше дека тие не се доволно способни. Тоа ги загрози субвенциите од ЧИПС па ТСМЦ попушти во декември, ветувајќи дека ќе ја користи само локалната работна сила и ќе вложи повеќе во нивна обука. Еден месец подоцна, тие ја одложија изградбата на втората фабрика во Аризона.

Сега ТСМЦ откри дека има планови да изгради втора фабрика во Јапонија. Во нивната прва фабрика, која почна да се гради во 2021, се очекува во скоро време да почне производството. ТСМЦ откри дека кога Јапонците ќе ветат пари, тие и ги плаќаат, и дозволуваат да се ангажираат компетентни работници. ТСМЦ исто така ги разгледува и субвенциите за чипови во Германија, како и Интел,“ пишуваат двајцата автори.

Интел во моментов веќе гради фабрики во Полска и Израел, што значи дека „тие попрво би ризикувале руска агресија и ракети на Хамас отколку да се справуваат со американскиот ДЕИ режим. Самсунг пак повторно се сврте кон својата татковина со намера да ја направи Јужна Кореја велесила за микрочипови доколку Кина го освои Тајван.

Меѓу обврските од ЧИПС е и во градењето да се ангажираат голем број жени градежнички иако помалку од 10% од градежниците во САД се жени. Плус за вработување на ДЕИ работници, треба да се укине барањето за диплома по најразлични основи.

„Вака изгледаат империи пред пропаст. Додека Америка се грижи за својата национална безбедност градејќи разнолика работна сила, Кина го прави истото градејќи воени бродови,“ порачуваат авторите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бебе загина во тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново Село

Следно

Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop