Позната причината за смртта на Колцов, момчето на Сабаленка

March 19, 2024
1 min read

Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар и момче на познатата тенисерка Арина Сабаленка, почина на 42-годишна возраст, а сега е позната причината за неговата ненадејна смрт.

Веста за причините за смртта ја потврди и белорускиот портал „Smartpress.by“, а според информациите Константин починал поради тромб формиран од згрутчување на крвта.

Белорусите додаваат и дека Колцов пристигнал во Мајами за да ги следи натпреварите на Сабаленка, која требаше да настапи на вториот Мастерс во Америка.

Колцов играше за Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина делови од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 и 2006 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведските политичари пишман што примија толку мигранти

Следно

„ОВА НЕ Е КЕЈТ, ОВА Е НЕЈЗИН ДВОЈНИК“: Светот во неверување од снимката на која принцезата првпат се појави во јавноста – од еден детаљ и вие ќе се посомневате! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop