Финансискиот стрес е најштетен за здравјето и општата благосостојба на поединецот, го забрзува процесот на стареење, влијае на здравствените биомаркери и има посилен ефект врз менталното здравје во споредба со последиците од тагување поради болест, тешка загуба или развод, според на новото истражување на британските научници.
Речиси 5.000 возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години учествуваа во британската студија, која беше спроведена од научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и Кралскиот колеџ, кои истакнаа дека нивната анализа била првата што се обидела да истражи како се поврзани различните видови на хроничен стрес на показателите за здравјето во постара возраст.
Национално репрезентативно истражување потврди дека финансискиот стрес е поврзан со долгорочни промени во клучните здравствени индикатори, како што се имунолошкиот, нервниот и хормоналниот систем. Тие ги споредија шесте најчести стресни фактори.
Од сите шест најчести стресори кои ги проучувале британските научници, а тоа се финансиски стрес, грижа за сериозно болно или инвалидно лице, инвалидитет, тешка загуба во семејството, болест и развод, финансискиот стрес е најштетен фактор поврзан со долгорочно со најризични здравствени резултати.
Ова беше утврдено со испитување на четири биомаркери во крвта – кортизол (хормон произведен како одговор на стрес), Ц-реактивен протеин (CRP), фибриноген и фактор на раст сличен на инсулин 1 (IGF-1). Сите овие се имунолошки фактори поврзани со развој на стрес, развој на воспаление и стареење, додека ИГФ-1 е поврзан и со стареење и со долговечност.
Студијата покажа дека испитаниците кои биле под стрес само поради нивната финансиска состојба имале 60 отсто поголеми шанси да развијат здравствен профил со висок ризик по четири години.
За секоја дополнителна стресна ситуација, како што е разводот, таа веројатност скокнала за дополнителни 19 проценти.
Набљудуваната врска остана без оглед на генетиката, социоекономските ефекти, возраста или полот на испитаниците или нивниот начин на живот.
Студијата исто така покажа дека финансискиот стрес, тешката загуба и долготрајната болест најсилно влијаеле на промените во имунолошките и невроендокрините биомаркери, што укажува на континуиран физички ефект на хроничен стрес.
Друг заклучок на британските научници е дека хроничниот стрес може да предизвика хормонални промени и реакции, што може да влијае на влошување на физичките и психичките здравствени проблеми.
Д-р Одеса Хамилтон од UCL го истакна инвазивното влијание на финансискиот стрес врз различните аспекти на животот, што во некои случаи се манифестира како семеен конфликт, социјална исклученост, бездомништво или глад.
Иако британската студија не го поврзува стресот и долготрајните здравствени проблеми, го нагласува влијанието на стресот врз телото.
Извор: kurir.mk