Селата во Охрид и Струга со неквалитетна вода за пиење

March 17, 2024
1 min read

Десеттина села во Охридско-струшкиот регион со години се соочуваат со несоодветен квалитет на водата за пиење. Станува збор за населени места чии што селски водоводи не се приклучени на градските водоводни мрежи, па со нив управуваат месните заедници. Главен проблем е нередовното хлорирање на водата.

„Не се способни под наводници да го одржуваат тој водоводен систем, односно постојано тој водоводен систем да испорачува безбедна вода за пиење. Затоа што најчесто во селата, кои имаат сопствен водовод, во Охрид, Струга и Дебар, недостасуваат финансиски средства за набавка на дезинфекционо средство за задолжително дезинфицирање на водата, односно хлорирање, за водата превентивно да не содржи патогени микро организми, односно да има резидејилен хлор, кој може да ги неутрализира овие патогени микро организми“, рече Сашо Точков-Центар за јавно здравје-Охрид.

Иако бројот на жители постајано се намалува, тоа не треба да биде причина водата во овие населени места да не се одржува како што треба, вели Точков.

„И еден човек и еден живот и едно здравје е многу важно и за тоа да се грижиме многу сериозно и многу поодговорно. Пијат нехлорирана вода“, додаде тој.

Од Центарот за јавно здравје велат дека половина од селата и во Охрид и Струга имаат сопствени водоводи и оти најдобро решение е истите да се приклучат на водоводите со кои управуваат јавните претпријатија. За тоа жителите треба да плаќаат соодветен надомест, но одбиваат.

„Во врска со комуникацијата на помалите претпријатија на територијата на Општина Струга и месните заедници, ние неколку пати сме контактирале за изнајдеме начин за соработка или нивното вклучување во нашиот систем, но не најдовме заеднички јазик“, рече Дашмир Насуфи-директор на Водовод-Струга.

За да се избегне појава на епидемии треба што побрзо да се најде решение./Алсат.мк

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што треба да се прави на Чист понеделник и следните денови?

Следно

Нетанјаху: Нема да попуштиме пред меѓународниот притисок за запирање на војната во Газа

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop