Експерти: Доаѓаат избори со можно полнење на гласачките кутии

March 17, 2024
1 min read

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, оценува дека нè чека екстремна и тешка политичка предизборна кампања, бидејќи според него, веќе се забележува дека политичките противници не штедат ниту најтешки навреди меѓу себе за да ја оцрнат фигурата на нивниот политички противник. Ѓурчевски дури не ја исклучува можноста и на овие избори да се повторат скандалите од неколку претходни години со полнење на гласачки кутии.

Во една ваква ситуација Ѓурчевски стравува дека институциите нема да преземат мерки за спречување на предизборни инциденти поради, како што вели, партиските вработувања во полицијата.

Ѓурчевски ги повикува сите вработени во државните институции професионално да ги извршуваат своите работни задачи во изборниот процес и да не бидат под влијание на политичките партии. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот заедно со парламентарните избори, на 8 мај./Алсат.мк

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре почнува најстрогиот пост- Трае 48 дена, од Прочка до Велигден

Следно

Трет ден од руските претседателски избори со протести „Пладне против Путин“

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop