Во Полог многу случаи на интернет-измами при продажба

March 16, 2024
1 min read

Фиктивните компании на интернет се множат како печурки после дожд. Во Полог лани имало над 60 измами, додека годинава 11 измами за само два месеци. За жал, иако станува збор за фиктивни фирми, успеваат да ги измамат жителите на Полог.

Од неодамна се зголемени и апелите на Секторот за внатрешни работи Тетово за максимално внимание кон онлајн понудите, но и разните СМС пораки кои ни доаѓаат на мобилните телефон за наводно доставени испораки. Дури и тактиката за измамите е сменета. Додека минатата година најголем дел од „онлајн“ измамите се однесувале на разни резервации за хотели, ресторани или одмори, годинава доминираат измамите преку фиктивни „онлајн“ нарачки на разни производи кои се нудат по евтини цени.

„Во СВР Тетово регистрирани се вкупно 11 пријави за разни измами од кои најголем дел се однесуваат на онлајн нарачки. СВР работи на решавање на случаите. Во текот на изминатата година во СВР Тетово и Гостивар регистрирани се вкупно 64 вакви случаи, при што најголем дел од нив, околу 90 отсто, се расчистени. Најчестите случаи минатата година беа поврзани со разни резервации, како семејни забави, резервации за одмор и слично, каде жителите плаќаа големи суми пари преку разни посредници“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Но, како да се заштитиме од овие „онлајн“ измами? Професорката по информатика на Универзитетот на Југоисточна Европа, Блерта Абази, вели дека примарна грижа треба да се води за податоците на онлајн фирмите и нарачките на социјалните мрежи. Никако да не се отворат без да се знае фирмата. Знаејќи го кревкиот систем за заштита од онлајн измами, Абази препорачува и итни измени во Законот за заштита од сајбер напади.

„Секоја порака, секоја електронска пошта или СМС на социјалните мрежи мора да се провери еднаш и мора да постои сомнеж, дури и ако доаѓаат од познати или непознати лица. Сите институции кои се легитимни не бараат споделување на некоја информација онлајн. Сметам дека треба да се работи и на Законот за заштита на потрошувачите од измами, а во однос на сајбер нападите за големи кражби, верувам дека сме заштитени, но само доколку се пријави и заштити навреме“, нагласи Блерта Абази, професорка по информатика на УЈИЕ.

Европската полиција Европол објави листа на правила како граѓаните да се заштитат кога купуваат онлајн и кои се најчестите ризици со кои може да се соочат. Во меѓувреме, Здружението за електронска продажба предупредува дека онлајн продажбите сè повеќе ќе се зголемуваат, па им останува на самите граѓаните да бидат внимателни, да не се залажуваат со некоја привлечна нарачка или резервација за патувања или хотели, од фирми кои не им се познати./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОСТЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ: Проштевањето е чистење на душата- направете го ова утре за Прочка

Следно

Затвореник во „Шутка“ го претепал чуварот и избегал од затвор

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop