ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како досега

March 16, 2024
1 min read

Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како досега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционерите од СДС и ДУИ кои изминатиов период ги злоупотребуваа службените возила за партиски потреби и поминуваа неказнето, да знаат дека ако продолжат истото да го прават и во периодот до избори за тоа ќе има одговорност. Злоупотреба на службени возила не смее да има ниту од функционерите на власта во подолните ешалони. Службените возила не се сопственост на функционерите, туку на државата, платени со парите на народот преку даноци. Доколку било кој функционер злоупотреби службено возило тоа ќе биде предмет на истрага и санкција по 8 мај. Време е да се одвои државата од партијата, со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, пишуваат од партијата.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Помина 8 Март, помина ли и борбата за родова еднаквост?

Следно

Втор ден од претседателските избори во Русија

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop