Белгиски парламентарец заврши во затвор заради пораки во групен чат

March 14, 2024
1 min read

Лангехофе е лидер на крајно десничарска младинска организација кој од 2019 до 2023 беше член на долниот дом на белгискиот парламент. Тој е казнет затоа што во групен чат со пријатели и симпатизери употребувал говор кој е „расистички, со омраза, нацистички и негаторски.“

Уште пет члена на истата чат група добиле условни затворски казни, меѓу кои и двајца членови на крајно десничарската партија Фламански интерес.

Сите шестмина беа обвинети дека ја користеле групата за размена на расистички, антисемитски и други екстремистички коментари. Меѓу пораките во групата имало мемиња и шеги на теми од глад во Африка до Холокауст.

Коментарот на Лангехофе, кој планира да ја обжали пресудата, е дека власта потрошила толку време и пари на истрагата против нив, за на крај да го осудат за мемиња.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И после скопјани за сите други ќе кажат дека се провинцијалци

Следно

Во Ф1 е крајно интересно: Карлос Саинц од Ферари – оди кај најголемиот ривал?!

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop