САД воведоа нови санкции против иранските добавувачи на беспилотни летала за Русија

January 6, 2023
1 min read

Иран претходно призна дека испорачувал дронови на Русија, но дека тоа се случило пред руската инвазија која започна во февруари

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против добавувачот на ирански беспилотни летала, кои според Вашингтон биле користени од руските сили за цел на цивилната инфраструктура во Украина. Американското Министерство за финансии објави дека вовело санкции против шест директори и членови на одборот на иранската компанија Qods Aviation Industries (QAI), позната и како Light Airplanes Design and Manufacturing Industries.

Министерството за финансии ја опиша Qods Aviation Industries (QAI), која е под санкции на САД од 2013 година, како клучен ирански производител одговорен за дизајнирање и производство на беспилотни летала.

„Ќе продолжиме да ги користиме сите средства што ни стојат на располагање за да му го скратиме на (рускиот претседател Владимир) Путин оружјето што го користи за да ја води својата варварска и неиспровоцирана војна против Украина“,

рече секретарот за финансии Џенет Јелен во соопштението.

Иран претходно призна дека испорачувал дронови на Русија, но дека тоа се случило пред руската инвазија која започна во февруари.

Москва негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала против Украина.

Меѓу лицата против кои се наметнати санкции е и шефот на QAI и висок функционер во иранското Министерство за одбрана, Сејед Хоџатола Гориш, кој „ги водеше напорите за воено истражување и развој на Иран и беше одговорен за договорот на Иран со Русија за снабдување со ирански дронови) за руската војна во Украина“, соопшти Министерството за финансии.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен напаѓачот на момчињата кај Штрпце, станува збор за припадник на КБС

Следно

Мицкоски со честитка по повод Бадник: Најсреќен во неговото семејство беше синот Јован (ФОТО)

Latest from Blog

Куба има руски и ирански дронови

Американскиот медиум „Аксиос“ објави дека Куба има повеќе од 300 воени дронови и дека е дискутирано за нивна можна употреба за напади врз американската база во заливот Гвантанамо, американските бродови во Карибите

Божиновска: Македонија има најевтини и најквалитетни горива во регионот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека горивата во Македонија се најевтини во регионот и воедно ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет. Во своето видео-обраќање на 10-тиот Регионален

Милионски криминал: Двајца управители затаиле над 7,4 милиони денари данок

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Ракометот ја обедини Битола: Сите советнички групи го поддржаа предлогот на Бојкоски

Како дополнителна точка на дневниот ред на денешната 12-та седница на Советот на Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски ја предложи одлуката за давање согласност за продолжување на периодот на времетраење
Go toTop