Најмалку 4 загинати, 43 повредени во руски ракетен напад во украински Криви Рих

March 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 43 се повредени во руски ракетен напад во текот на ноќта во градот Криви Рих во југоисточниот украински регион Днепропетровск, соопшти денес локален официјален претставник, јавува Анадолу.

„Жена повредена во нападот на Криви Рих почина синоќа во болница. Загинаа вкупно четири лица, 43 се повредени“, соопшти гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак, преку Телеграм рано утрово.

Лисак рече дека од повредените 12 биле деца, а 20 од повредените се задржани во медицинските установи.

„Во градот оштетени се повеќе од дваесетина високи згради, две градинки и училишта, едно претпријатие, административна зграда, продавница и магацин“, додаде гувернерот.

Коментирајќи го нападот, украинскиот претседател Владимир Зеленски преку платформата Х истакна дека спасувачките операции во Криви Рих се завршени.

„Секој ден нашите градови и села се подложени на такви напади. Секој ден Украина губи луѓе поради руското зло. И не може да има пауза во поддршката ниту за еден ден, една недела – а камоли месеци – кога станува збор за заштитата на животите и едноставно спасувањето на луѓето од теророт“, додаде тој.

Руско-украинската војна, која на крајот на минатиот месец влезе во третата година, според најновите податоци на Обединетите нации, ги однесе животите на најмалку 10.500 цивили, а над 19.800 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денеска „Посната кошничка“ во грчките маркетите со посни производи по пристапни цени

Следно

ОН објави шокантни податоци: Повеќе деца се убиени во Газа за четири месеци отколку за четири години во светот

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop