Ништо од примирјето во Газа

March 11, 2024
1 min read

Продолжуваат борбите во појасот Газа и покрај најавите за примирје за време на Рамазан. Бродот кој требаше да достави хуманитарна помош во Газа, се уште останува заглавен на пристаништето во Кипар.

И покрај најавите дека жителите на појасот ќе ја добијат потребната помош пред почетокот на Рамазан, се уште нема точен датум кога таа ќе биде испорачана. Во меѓувреме борбите во енклавата продолжуваат. Израелската армија тврди дека во последната серија на воздушни напади, бил убиев висок преставник на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги бранеше своите политики и одлуки во врска со Појасот Газа откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека израелскиот лидер „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“.

„Не знам точно што сакаше да каже претседателот, но ако сакаше да каже дека јас водам приватна политика против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш тој греши по двете точки“, изјави Нетанјаху за западните медиуми.

„Израел е во сериозна битка овие денови, која започнува со убиствениот напад на Хамас на терористите од Хамас против сите граѓани на Израел. Нашата војна не е ниту против исламот, туку против оние кои ги повредуваат исламските вредности, против оние кои извршуваат злосторства, против човештвото и сакаат да го распарчат израелското општество и нашата заедничка иднина.“ – изјави изјава Бени Ганц министер во воениот кабинет на Израел.

Палестинските власти тврдат дека во последиот израелски напад врз куќа во Газа убиени се 16 цивили. Mесецот на постот, Палестинците оваа година ќе го одбележат во услови на глад откако Израел го ограничи влезот на храна и лекови во енклавата.

– Дојдов нешто да купам но ништо не можам да најдам, нема ништо, ни млеко ништо. Не можеме ништо да најдеме за нашите деца, само конзервирана храна која не е добра за здравјето, ни треба овошје да ги прехраниме нашите деца бидеќи ослабеа и умираат од глад – ивели Суфиан ал Јазји жител на Газа.

– Мислам дека овој рамазан ќе допринесе за трагедијата на палестинскиот народ, ситуацијата е многу тешка и нема личност која може да го поднесе ова што се дешава, финансиски духовно пореметувачки, погледнете околу има нешто храна но никој не може ништо да купи. – вели Камис ал Кинами жител на Газа.

Судирот меѓу Израел и Палестина почна на 7 октомври по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа 1.200 луѓе а преку 200 лица беа киднапирани..израелската армија жестоко возврати, во налетот на армија во изминативе 5 месеци, преку 30 000 палестинци загинаа. Проценките на обединетите нации пак покажуваат дека речиси 2 милиони Палестинци се внатрешно раселени.

Протестите против војната во Газа ги обележаа и Оскарите, неколку стотици лица повикуваа на прекин на огнот во Газа, додека во исто време во театарот Долби се одржуваше 96-тата церемонија на доделување оскари на Оскарите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Индија тестираше ракети кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави

Следно

81 година од Холокаустот на македонските Евреи

Latest from Blog

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од
Go toTop