Потпишување на Студентскиот манифест од парламентарни политички партии

March 11, 2024
1 min read

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за денеска го најавува потпишувањето на Студентскиот манифест од страна на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав. 

Како што наведува, потпишувањето ќе значи поддршка на визијата и потребата од реформирано високо образование.

-Поканети се политички претставници од партии кои се во парламентарниот состав на Собранието денеска во Студентскиот културен центар во 13 часот да го потпишат овој документ и да не поддржат во нашата визија и потреба за реформирано високо образование, стои во најавата на Универзитетското студентско собрание.

Студентскиот манифест беше промовиран на 6 март 2024 година од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, но зад нео застанаа и универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Документот, како што беше речено, е повик за подобрување на студентскиот стандард, за подобра иднина на студентите, како и за подобро високо образование во предизборниот стадиум.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Миљана Рељиќ не успеа да обезбеди норма за ОИ во Париз

Следно

208 санкционирани возачи во Скопје, 131 за брзо возење

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop