Филмот „Опенхајмер“ триумфираше на Оскарите

March 11, 2024
3 mins read

Спектакуларно започна годинешното 96-то по ред доделување на наградите Оскар во Долби театарот во Лос Анџелес. Она што е различно во однос на минатата година дека оваа година дури 10 филмови беа во трка во категоријата најдобар филм.

Ова исто така е прва година во која се воведоа нови правила поврзани со различноста во категоријата за најдобар филм, односно вклучување на недоволно застапени расни и етнички групи, како и жени, ЛГБТ лица и лица со секаков вид на попреченост. Годинава преносот од Оскарите започна два часа порано.

Црвениот тепих беше главата атракција, каде можеа да се видат најразлични тоалети на сите учесници и да се прават оценки за најдобро или најлошо облечени.

Домаќин на церемонијата по четврти пат беше биде водителот и комичар Џими Кимел. Филмот „Опенхајмер“ водеше со 13 номинации, „Кутрите суштества“ имаа 11, „Убијци на цветната месечина“ 10 и „Барби“ 8 номинации. Маргот Роби не беше номинирана за улогата во филмот „Барби“, а ниту Грета Гервиг не беше номинирана за најдобар режисер. Покрај тоа, Леонардо ди Каприо не беше номиниран за најдобар актер, а Бредли Купер не беше номиниран за најдобар режисер. Филмот „Минати животи“  исто така не доби многу номинации, а „Зона на интерес“ беше најголемото изненадување со неколку номинации.

Како презентери се појавија Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи беа меѓу изведувачите на номинираните филмски песни.

Првата категорија во која се доделија Оскарите беше за најдобра споредна женска улога, а за прв пат пет презентерки ги опишаа номинираните актерки и нивните улоги за кои се номинирани, а на ист начин беа претставени и номинациите за најдобри машки споредни улоги. Оскарот го доби актерката Давајн Џој Рендолф за улогата во „Останатите“. 

Следната категорија беше за најдобар краток анимиран филм, а него го доби Дејв Малинс за „Војната е завршена“, по неа следуваше категоријата најдобар анимиран филм и Оскарот го доби „Момчето и чапјата“ на Хијао Мијазаки. Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби „Анатомија на падот“ на Жистин Трије и Артур Харари, а најдобро адаптирано сценарио доби филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон. Оскарот за најдобра шминка и фризура го доби филмот „Кутрите суштества“, кој доби Оскар и за најдобар дизајн.

Џими Кимбел ја потсети публиката на скандалот од 1974 година кога во Дороти Чендлер Павиљонот каде тогаш се одржуваа Оскарите, Дејвид Нивен беше презентер и требаше да ја покани на сцената Елизабет Тејлор, а зад него англискиот професор Роберт Опел истрча гол на сцената. Со тоа актерот и професионален борач Џон Сина на шеговит начин ја најави категоријата најдобри костими, а Оскарот по трет пат отиде кај филмот „Кутрите суштества“.

Оскарот за најдобар странски филм отиде кај англискиот филм „Зона на интерес“. Оскарот за најдобра машка споредна улога го доби Роберт Дауни Јуниор за улогата на Левис Штраус во Опенхајмер. Оскарот за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“. „Опенхајмер“ го доби и вториот Оскар за најдобра монтажа, а потоа и за најдобра кинематографија. 

Во категорија најдобар документарен филм Оскарот го доби „20 дена во Мариупол“, а за најдобар краток документарен филм Оскарот го доби „Последната продавница за поправка“. Оскарот за најдобар краток игран филм го доби „Прекрасната приказна на Хенри Шубер“. Филмот „Зона на интерес“ го доби Оскарот за најдобар звук. Најдобрата филмска музика ја имаше филмот „Опенјахмер“ на Лудвиг Горансон, а Били Ајлиш го доби вториот Оскар за песната „Зошто сум создадена?“.

Следуваа главните категории, а номинираните во главна машка и женска улога беа претставувани на ист начин како и оние за најдобра споредна машка и женска улога. За најдобар актер во главна улога Оскарот го доби Килијан Марфи за филмот „Опенхајмер“, кој беше и главен фаворит. Тој го посвети Оскарот на сите миротворци и кажа дека сега живееме во времето на Опенхајмер. Во женската категорија Оскарот го доби Ема Стоун за улогата во филмот „Кутрите суштества“ и ова е нејзин втор Оскар.

Оскарот за најдобра режија очекувано го доби Кристофер Нолан за филмот „Опенхајмер“. Во главната категорија најдобар филм, честа да ја презентира категоријата и припадна на голивудската легенда Ал Пачино. Очекувано Оскарот го доби „Опенхајмер“ со што е апсолутен победник на годинешните Оскари со освоени 7 Оскари.

Како и секоја година, така и на ова издание им беше одадена почит на сите филмски работници кои не напуштија изминатата година преку песната „Со тебе заминувам“ во изведба на италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели и неговиот син Матео.

Волфганг Пак, кој 30 години главниот готвач на менито по церемонијата на Оскарите, на забавата Governors Ball, сервираше вечера за 1500 гости и традиционано го послужи неговиот 150.000-ти чоколаден Оскар. На менито се најдоа традиционалните јадења и прилагодени за сечиј вкус, а победниците и номинарите не заминаа и без подароци.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рамазан во Газа: Првиот терави-намаз на урнатините на џамија

Следно

Миљана Рељиќ не успеа да обезбеди норма за ОИ во Париз

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop