Вечерва се доделуваат Оскарите

March 10, 2024
1 min read

Американската академија за филмски уметности и науки доцна вечерва во Долби Хол во Лос Анџелес ќе ја одржи 96-тата церемонија на доделување на престижната награда Оскар, а фаворит е филмот „Опенхајмер“ со 13 номинации.

„Опенхајмер“ веќе има освоено неколку значајни награди Златен глобус, американски филмски и телевизиски награди, неколку награди од Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), награда од Здружението на режисери на Америка (ДГА) и главната награда од Здружението на продуценти (Producers Guild of America – PGA).

Филмот „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос за женската верзија на Франкенштајн во викторијанската ера доби 11 номинации, додека филмот „Убијци на цветната месечина“ на познатиот Мартин Скорсезе за убиствата на Индијанците во американската држава Оклахома на почетокот на 20 век, доби 10 номинации.

Адаптацијата „Барби“ на Грета Гервиг доби осум номинации, соопшти Академијата, чии номинации беа објавени на 23 јануари.

Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Џими Кимел, кој веќе неколку пати го водеше доделувањето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Гладта е насекаде во Газа“, објави УНРВА

Следно

Порака од поглаварот на ИВЗ во пресрет на месецот Рамазан

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во
Go toTop