Денеска за муслиманите започнува месецот Рамазан

March 10, 2024
1 min read

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години. Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови. Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април. Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

-Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање. Ви посакувам силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела, основајќи се на зборовите на Мухамед (с.а.в.с) кој рече: „Кој го пости месецот Рамазан со искрена верба, верувајќи дека од Семоќниот Алах ќе добие голема награда, ќе му бидат опростени сите негови претходни гревови.“ Нека ни е честит светиот месец Рамазан. Алах да ве благослови!, порача реисул-улема на ИВЗ Шаќир Еф. Фетаи

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена. Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември. Постот завршува со Бајрам.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трибина на тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство

Следно

Бразилски новинар објави лажна вест дека Алвеш извршил самоубиство

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop