Експлозија на бомба среде пат одзеде два животи во Пакистан, повредено едно лице

March 10, 2024
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Двајца осомничени милитанти загинаа додека превезувале експлозивен материјал на својот мотоцилк ова утро во северозападен Пакистан, соопшти полицијата, додавајќи дека во инцидентот е повреден и еден случаен минувач, пренесува Анадолу.

Несреќата се случи на главната сообраќајница во Пешавар, главниот град на северозападната провинција Хајбер-Пахтунва, која се граничи со соседен Авганистан.

Шефот на полицијата на Пешавар, Кашиф Абаси, за новинарите изјави дека двајца осомничени милитанти превезувале експлозивен материјал од една локација на друга, кога се лизнал мотоциклот со кој се возеле.

„Во експлозијата загинаа и двајцата милитанти, а случајниот минувач е тешко повреден. Потврдено е дека не се работи за самоубиствен напад“, изјави Абаси.

Локалниот емитер Geo News објави снимка на која се гледа јагленисан мотоцикл среде пат, додека полицијата ја оградува локацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна лажната стратешка инвестиција на ДУИ и СДСМ со фабриката за електрични автомобили

Следно

Турските сили неутрализираа најмалку 11 терористи на ПКК во северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop