Владиниот врв го промовира пред две години, а сега ТИРЗ го раскина договорот за изградба на фабрика за електрични автомобили „е.ГО“ во Тетово

March 9, 2024
1 min read

Запрен е договорот со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ за изградба на фабрика фабрика за електрични автомобили „е.ГО.“ во економската зона во Тетово која владинито врв помпезно ја најавуваше пред две години. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) соопшти дека го запира договорот со кој требаше на овој простор да се изгради фабрика за произведство на автомобили според германска лиценца. Се најавуваше отворање на 900 нови работни места.

Како што соопштуваат од ТИРЗ, извршувањето на Договорот за доделување на државна помош се запира поради несолвентност на компанијата „мајка“, како и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

-Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Оттаму наведуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

Инвеститорите и македонскиот владин врв на 13 август 2022 година ја промовираа инвестицијата. Најавено беше дека државната помош за проектот ќе изнесува 35 отсто од вкупната инвестиција од 130 милиони евра. Македонските политичари проектот го најавија како голема германска инвестиција. Државниот врв предводен од премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски тогаш најавија „нова ера во стратешките инвестиции на Владата“ велејќи дека за прв пат во Македонија ќе се произведуваат електрични автомобили.

Инвеститор на фабриката беше Љазим Дестани, сопственик на фирмата „Еколог“, а таа требаше годишно да произведува 30.000 електрични автомобили. Се очекуваше првиот автомобил да излезе од производствената лента во 2024. Но, освен поставениот камен-темелник, во изминатиов период ништо друго не беше направено, ниту изградено.

Компанијата во 2018 година за прв пат започна да ја произведува својата палета електрични автомобили „е.ГО Лифе“ во својата фабрика во индустрискиот парк Ахен Роте Ерде. Таа во Германија го промовираше својот автомобил како поевтин за разлика од конкурентните електрични автомобили во неговата класа.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десет лица ги загубија животите во поплавите што ја зафатија Индонезија

Следно

Викторија Нуланд, Лејди Магбет на вечната војна

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop