ЕУ ја поздрави одлуката за гласање за разрешување на градоначалниците Албанци во северно Косово

March 9, 2024
1 min read

Суниог на неговата официјална страница на платформата Икс напиша дека ЕУ го цени процесот на верификација на потписите од петицијата за разрешување на градоначалниците, како услов што го постави Владата на Албин Курти за нови избори во четирите општини, и очекува од ЦИК да создаде услови за слободно и фер гласање.

– Сега е од суштинско значење ЦИК да ги направи потребните подготовки за да обезбеди непречен процес и да создаде услови за слободно и фер гласање, напиша Суниог, нагласувајќи дека „ЕУ е подготвена да понуди поддршка во текот на овој процес“.

Централната изборна комисија на Косово вчера донесе одлука гласањето за разрешување на градоначалниците Албанци во четирите општини во северно Косово – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица, во кои мнозинството го сочинуваат етнички Срби, да се одржи на 21 април.

Актуелните градоначалници, кандидирани од партиите на косовските Албанци, беа избрани на вонредните избори во април минатата година, кои беа бојкотирани од српската заедница.

Процесот на гласање за разрешување на градоначалник е објаснет во Управната инструкција на Министерството за администрација и локална самоуправа. Гласањето за ова прашање треба да се одржи најдоцна 45 дена по потврдата дека е исполнета квотата од 20 проценти на потписници на петиција за покренување гласање за разрешување на градоначалниците.

Доколку 50 отсто плус еден од граѓаните заведени во избирачките списоци гласаат за смена на градоначалникот, тогаш се смета дека тој е разрешен од функцијата. Потоа, резултатот се испраќа до претседателката на Косово, Вјоса Османи, која има законски рок од 30 до 45 дена да распише вонредни избори.

Во случај при гласањето да не се достигне бројката од 50 отсто, иницијативата се смета за неуспешна и, според управната инструкција, нова иницијатива може да се покрене дури по 12 месеци.

Минатиот април косовските Срби ги бојкотира локалните избори во четирите општини во северно од Косово, населено со мнозинство Срби, по што, со исклучително мала излезност на гласачите, победија кандидатите на албанските партии.

Влегувањето на новите градоначалници со асистенција на полицијата во општинските згради во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во мај минатата година предизвика протести на тамошните Срби, при што дојде и до судири меѓу демонстрантите и припадниците на КФОР.

ЕУ и САД побараа градоначалниците да поднесат оставки и да се организираат нови локални избори на кои ќе се гарантира учество на косовските Срби. Меѓутоа, Владата на Албин Курти одби да ги разреши и донесе одлука вонредни избори да се распишат по гласање на избирачите за разрешување на актуелните градоначалници Албанци.

ЕУ и САД воведоа санкции кон Косово поради неисполнувањето на нивните барања и порачаа дека истите ќе ги укинат откако ќе се одржат демократски избори во северно Косово со учество на српското население. Санкциите сè уште се во сила.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што содржи договорот за набавка на системите за противоклопна борба?

Следно

„Газа е тежок товар за совеста на светот“, рече Фидан

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop