СЕ МАЖИ АНТОНИА ГИГОВСКА: Викендов пејачката ќе блесне во бело, вртоглав број на гости во познат скопски ресторан – еве ги деталите

March 8, 2024
1 min read

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покакани во естрадните кругови, објавува Вистина.мк

Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака успеавме да добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба.

-Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се’ како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема:

– Хмм голема, мала… Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт.

Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење.

-Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера.

А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тен Хаг: Ниту една екипа не може да издржи толку проблеми со повредени играчи

Следно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop