Колапс во САД поради ледената бура – откажани летови, сообраќајки и затворени училишта

February 1, 2023
1 min read

Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците

Зимското невреме проследено со ледена бура вчера парализира поголем дел од САД, поради што беа откажани повеќе од 1 700 летови низ земјата. Сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас беше запрен, а невремето предизвика и сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.

Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија, беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.

Противпожарната служба во Остин, Тексас, пријавила повеќе сообраќајни несреќи во градот, со најмалку една жртва. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.

Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7 000 прекини на електричната енергија, што се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.

Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1 600 и патишта под мраз.

Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.

Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шабицер во Манчестер Јунајтед

Следно

Повторно раст на цените на нафтата

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop