Пендаровски го прими генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко

March 8, 2024
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко.

На средбата се разговараше за соработката меѓу царинските управи на двете земји, тековните активности и проекти, како и за плановите и проекциите за потребите на македонската Царинска управа и можностите за помош од Корејската царина.

-Директорот на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко го информираше претседателот Пендаровски за официјалниот старт на проектот за грант од 4.8 милиони долари за Царинската управа на Република Северна Македонија. Овој проект ќе овозможи систем чија цел е генерирање повисоки приходи во буџетот и борба против криминалот и корупцијата, а подразбира имплементација на хардвер и софтвер за податочен склад и користење алатки за вештачка интелигенција за обработка на податоците во насока на откривање можни ризици, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски ги поздрави заложбите и соработката меѓу двете царински управи и посочи дека таа успешна соработка е пример кој треба да се следи и во другите области на економијата. Претседателот изрази благодарност за досегашната помош од Република Кореја во насока на градење на капацитети на македонската царинска управа и нагласи дека од тие проекти значаен бенефит имаат малите и средни претпријатија во однос на поширок пристап до странските пазари.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

За вработените во здравството 8 Март беше обичен ден

Следно

Тен Хаг: Ниту една екипа не може да издржи толку проблеми со повредени играчи

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop