Мицкоски: Огромна благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се донесе изборниот законик и над 100 илјади граѓани сега ќе можат слободно да излезат на избори и да гласаат

March 8, 2024
1 min read

При денешната посета на Виена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изборите и тоа што постоеше можност околу 100 илјади граѓани да не гласаат воопшто бидејќи имаат не важечки документи истакна дека на иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претходните предупредувања на министерот Тошковски се донесе изборниот законик и на 100 илјади граѓани им се овозможи уставно гарантираното право да гласаат на парламентарните и претседателските избори.

Најпрво дозволете да го изразам моето задоволство што конечно нешто што можеше да биде проблем во изборниот процес нема да биде проблем, и тоа огромна благодарност на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамките на парламентот што жестоко се бореше изминатите недели и месеци би рекол за да можеме да дојдеме до оваа ситуација во која што дојдовме, да се усвои изборниот законик, а со усвојувањето на изборниот законик практично на сите оние граѓани во Македонија кои што немаат нови документи да имаат можност на следните парламентарни и претседателски избори, да учествуваат, впрочем тоа е и основното уставно право, дека секој граѓанин на Македонија секој оној кој што е државјанин на Македонија има уставно загарантирано право да учествува во изборен процес. Огромна честитка и благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и сега сите оние 100 илјади граѓани за кои што министерот Тошковски претходно предупреди сега ќе можат слободно да излезат на избори и на еден слободен начин да ја изразат својата волја, нема да зборувам за опструкциите кои што се случуваа за време на тие преговори од страна на коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе го оставам во некои други времиња, а сега да гледаме позитивно на сето ова, да се бориме за Македонија секаде каде што можеме, нив да ги оставиме во нивната темна, мрачна, црна, ад хомине кампања, а ние да направиме нешто што можеме повеќе само за да Македонија може да има една светла иднина, предвидлива иднина и перспектива за младите луѓе, нагласи Мицкоски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собраниска седница со единствена точка на дневен ред – родовата еднаквост и унапредување на женските права

Следно

Извлечени полуфиналните парови во Купот на Македонија

Latest from Blog

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат
Go toTop