Руперт Мердок има 93 години и ја планира својата петта венчавка

March 8, 2024
1 min read

Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мердок повторно се сврши. Имено, овојпат негова избраничка е Елена Жукова, Русинка, пензиониран молекуларен биолог.

Според очекувањата, милијардерот и неговата 26 години помлада невеста би требало да се венчаат оваа година на неговиот имот во Морага Вајнјардс, Калифорнија, САД. За него, ова би било петти брак, иако зад себе има шест веридби. Идните „младенци“, како што велат, се запознале на забава на една од поранешни сопруги на Мердок – кинеско-американската претприемачка Венди Денг. Гласините дека магнатот е во врска со Жукова се распространија набргу откако тој ја раскинал својата последна наводна свршувачка со поранешната вероучителка Ен Лесли Смит во април 2023 година.

На 11 март, Мердок полни 93 години.

Магнатот бил в брак и со австралиската стјуардеса Патриша Букер, шкотската новинарка Ана Ман и американската манекенка и глумица Џери Хол.

Жукова, пак, претходно била омажена со рускиот милијардер Александар Жуков. Нејзината ќерка Даша – исто така бизнисменка, беше во брак со рускиот олигарх Роман Абрамович до 2017 година.

Руперт Мердок, бизнисмен роден во Австралија, до лани беше на чело на медиумските компании „Фокс“ и „Њус корп“. Според „Њујорк тајмс“, бракот на Мердок со Жукова најверојатно не би влијаел на иднината на неговите бизниси, коишто ги водат неговите четири најстари деца.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопските екипи се разминаа во полуфиналето на Купот

Следно

СДСМ и ВМРО повторно се фатија за Бугарија

Latest from Blog

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

Европската комисија планира до крајот на 2026 година да го објави третиот повик за стратешки проекти за критични минерали, продолжувајќи ги напорите за поддршка на инвестициите и поефикасно издавање дозволи. Според информациите

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум
Go toTop