Самитот на Украина и ЕУ ќе се одржи в петок во Киев, потврди украинскиот премиер

February 1, 2023
1 min read

Премиерот на Украина, Денис Шмигал, рече дека фактот што самитот ќе се одржи во завојуваниот Киев треба да ѝ покаже на Русија дека нејзините напори да сее раздор меѓу западните сојузници и да го спречи влезот на Украина во ЕУ се залудни. Тој додаде дека на 2 февруари ќе се случи уште еден клучен настан кога за првпат во историјата на Украина ќе се одржат консултации меѓу украинската влада и Европската комисија

Во петок, 3 февруари во Киев ќе се одржи самит меѓу Украина и Европската Унија, во време кога земјата безмалку една година е под инвазија на Русија.

„Самитот Украина – ЕУ ќе се одржи во Киев на 3 февруари. Фактот дека овој самит ќе се одржи во Киев е силен сигнал и за партнерите и за непријателите“,

рече премиерот на Украина, Денис Шмигал, на владиниот состанок на 31 јануари, оценувајќи дека тоа е исклучително важен настан за обидот на Киев да се приклучи на европскиот блок.

Не беа дадени детали за тоа кој сè ќе присуствува на самитот.

Премиерот на Украина рече дека фактот што самитот ќе се одржи во завојуваниот Киев треба да ѝ покаже на Русија дека нејзините напори да сее раздор меѓу западните сојузници и да го спречи влезот на Украина во ЕУ се залудни. Тој додаде дека во четврток, на 2 февруари ќе се случи уште еден клучен настан кога за првпат во историјата на Украина ќе се одржат консултации меѓу украинската влада и Европската комисија.

Во јуни минатата година Украина доби кандидатски статус за членство во ЕУ.

Украинскиот премиер, како што објави Политико, сe надева дека неговата земја ќе го обезбеди своето место во Унијата во рок од две години

„Имаме многу амбициозен план за влез во Европската Унија во следните две години. Значи, очекуваме дека оваа година, во 2023 година, веќе ќе можеме да ја одржиме оваа прелиминарна фаза од пристапните преговори“,

изјави тој за Политико.

Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон рече дека може да поминат децении пред Украина да ѝ се приклучи на ЕУ. Дури и лидерите на Унијата, кои го поддржаа кандидатскиот статус на Украина на самитот во јуни минатата година, сметаат дека изгледите за реално приклучување на земјата всушност се со години далеку.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ИО на СДСМ одлучи да продолжат разговорите со Алијанса: Ќе има кадровско освежување и диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Следно

Утрински температури до -9 степени, сончево со северозападен ветер

Latest from Blog

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop