Пандов: Негирањето на македонскиот јазик и идентитет од бугарска страна е директно удирање врз македонскиот народ и држава

January 31, 2023
1 min read

Вечерва ќе се одржи трибина Гоце е Македонија по повод 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер, великан, апостол на Македонската Револуционерна Борба, татко на македонската нација Гоце Делчев. Зошто е Гоце Македонија? Не само историската наука, туку и чувството на Македонец кое што го имаме јас или било кој во Македонија е дека токму Гоце Делчев е татко на македонската нација. Не само тука присутните секој еден Македонец, секој еден добро намерен Mакедонец, секој еден кој што ја сака Македонија, треба да го сака Гоце Делчев и чествувањето на неговиот роденден треба да биде радост за секој еден во Македонија. за жал ние сме сведоци дека Македонија се наоѓа во специјална војна под хибриден напад на соседната Република Бугарија, вели Александар Пандов претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Делчев во изјава пред почетокот на трибината во Ѓорче Петров.

Пандов потенцираше дека отворањето и именувањето на бугарски клубови во Охрид и Битола и негирање на македонскиот јазик, идентитет и култура од страна на Бугарија е директно удирање врз македонската држава и народ, додавајќи дека верува дека МВР ќе реагира на провокациите и ќе спречи омаловажување на ликот и делото на Делчев доколку се случат на 4ти февруари од страна на бугарски граѓани.

Ние сме сведоци на немање на македонската држава. Зошто ова го тврдам? Ако ги тргнеме на страна сите провокации кои претходно доаѓаа што од политичкиот врв на Бугарија, почнувајќи од Румен Радев, министер за надворешни работи, премиер или пратеници, ние дочекавме да во Македонијa се отвораат како ги нарекуваат културни клубови со докажан историски фашист во ликот и делото на Борис Трети и за да тоа биде малку 13 јануари беше чествувањето на тетовчанката Мара Бунева при што ја видовме целата иконографија имавме показна вежба од страна на нивни европратеник со толпа шарлатани кои да потсетам носеа бугарска иконографија, носеа транспаренти Македонија е Бугарија, носеа знаме на ликот со шлем на оној Борис Трети значи повторно ќе речам докажан фашист подеднакво е исто дали со неговиот лик или со Адолф Хитлер носат или со свастика носат знамиња, а притоа да излезат да даваат изјави во кои на највулгарен начин ја плукаат и ударање врз македонската држава и народ. И притоа да видиме дека министерот за внатрешни работи во буквална смисла на зборот не мрдна со прст. Малку беше тоа па ни беше најавено недела дена подоцна од истите тие луѓе дека ќе дојдат на гробот на Гоце Делчев и дека со истата сценографија со истата иконографија, реторика ќе го повторат тоа.

За ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт тоа не е дозволено и ние како што е веќе познато на македонската јавност на 4 февруари ќе присуствуваме таму. Она што се информации таму, имаме информации дека и МВР и полицијата ќе бидат таму и сме во надеж дека најжестоко ќе биде спречено било какво омаловажување на ликот и делото на Гоце Делчев, а тоа така ќе биде сфатено не само од мене од секој еден Македонец ако повторно ги слушнеме тие пароли, тоа скандирање, рече Пандов.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД додадоа во списокот санкции седум ирански компании за производство на дронови

Следно

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“

Latest from Blog

Во Ватикан почна погребот на папата Франциск

Погребната церемонија на папата Франциск почна на преполниот Плоштад Свети Петар во Ватикан во присуство на илјадници верници и голем број светски лидери. Ковчегот со телото на папата е изнесен од Базиликата

Најмалку 17 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа

ГАЗА (АА) – Седумнаесет Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз различни делови од Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од локални извори, израелската армија бомбардирала семејна куќа во

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус. Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот

СВЕТЛО-МАЈСТОРОТ ПЕТАР БОГОЕВСКИ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА ЗЛАТEН ОБЈЕКТИВ ОД КИНОТЕКАТА

Светло-мајсторот Петар Богоевски, кој со својот децениски ангажман работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани придонел во визуелизацијата на режисерските замисли, е годинашен добитник на наградата Златен објектив, соопшти Кинотеката.
Go toTop