Фирма од Македонија на црната листа на САД поради шпионски софтвер

March 6, 2024
1 min read

Министерството за финансии на САД ја стави на црната листа компанијата „Интелекса“ и уште четири други компании кои се дел од нејзиниот конзорциум: „Интелекса С.А.“ од Грција, „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска, но и „Сајтрокс холдинг“ од С Македонија. Оваа компанија пак е дел од црната листа во јули минатата година поради активности против безбедносните политики на Соединетите Американски Држави. Како резултат на тоа, две лица се додадени на списокот, соопштуваат од американскиот Стејт департмент, нагласувајќи дека нивната активност претставува сериозен ризик од шпионажа против државни функционери, политички експерти и новинари.

Министерството за финансии на САД:

„Денешните акции претставуваат голем чекор напред кон обесхрабрувањето на злоупотребата на алатките за комерцијален надзор кои сè повеќе претставуваат безбедносен ризик за Соединетите Држави и нашите граѓани. САД остануваат фокусирани на воспоставување јасни рамки (ограничувања) за развој и одговорна употреба на овие технологии, истовремено обезбедувајќи ја заштитата на човековите права и граѓанските слободи на поединците ширум светот.“

Компанијата САЈТРОКС, за која одредени политички експоненти претходно јавно ја осудија сомнителната активност во користењето на системот за следење комуникации и развивање програми за шпионажа, станува дел од црната листа бидејќи го развила шпионскиот систем Предатор, кој, според САД Одделот за финансии, ја нарушува безбедноста и приватноста на луѓето и субјектите.

Министерството за финансии на САД:

„САЈТРОКС АД е компанија со адреса во Северна Македонија како дел од Конзорциумот Интелекса и делува како развоен дел од програмата за шпионажа Предатор. САЈТРОКС АД стана дел од листата на субјекти на Министерството за трговија на 18 јули минатата година, за регистрација и сајбер употреба и пристап до информациски системи со што се нарушува приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.“

„Сајтрокс“ како фирма со адреса во Скопје, а во сопственост на „Интелекса“ ја водеше Иво Малинковски, син на познатиот бизнисмен Илија Малинковски. Младиот Малинковски ја водеше оваа компанија во времето кога канадска организација објави информација за поврзаност на македонската компанија со софтверот „Предатор“. После тоа, првиот човек на компанијата беше сменет, а Силвија Јастржебска беше назначена во јуни. Локалните власти кај нас имале сознанија за чекорите на „Интелекса“ и нејзините постапки за масовното прислушување во Грција на новинари и критичари на власта. Неофицијално се дознава дека поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање имала информации за овој софтвер уште во 2017 година.

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет опасни несакани ефекти од честа употреба на ибупрофен

Следно

Трамп побара поддршка од приврзаниците на Хејли

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop