Проблемот со регрутирање нови војници за фронт што го губиш

March 5, 2024
1 min read

Зеленски со месеци има проблем со составување на политички консензус околу стратегијата за мобилизација, што пак на терен се одразува со хаос, некогаш и буквално бркање на потенцијални регрути по украинските улици.

„Дел од мажите на возраст за регрутирање почнаа да се кријат загрижени дека ќе бидат регрутирани во лошо опремена армија и испратени во сигурна смрт имајќи предвид дека помошта за Украина останува заглавена во Вашингтон,“ пишува Вашингтон пост.

Токму немањето на „јасна стратегија за мобилизирање“ беше еден од факторите кој придонесе за отпуштање на генералот Валериј Залужниј и негова замена со Олександар Сириски.

Новиот водач на украинската армија започна ревизија на вооружените сили за да најде свежи регрути откако кабинетот на Зеленски обвини дека од 1 милион луѓе кои се мобилизирани, само 300.000 биле на фронтот. Еден месец по назначувањето на Сириски, се уште нема објаснување каде се овие 700.000 или што прават.

Украинската опозиција критикува дека е неопходна заедничка порака од претседателот и војската, за да се избегне дополнителна забуна меѓу народот.

„Не знам зошто Зеленски или неговиот тим се уште се обидуваат да го убедат народот дека сè секогаш е во ред. Не е, посебно не кај армијата,“ изјавила пратеничката Соломиа Бобровска.

Бројот на војници со кои располага Украина сега се претвори во стратешка криза, која делумно е одговорна за украинското повлекување од Авдивка и околината.

Советникот за регрутирање на министерството за одбрана, Олексиј Бежеветс, порачува дека цивилите кои се на возраст за служење војска мора да прифатат „дека нема веќе време за седење дома“.

„Сосема е можно дека Русите наскоро ќе се приближат многу поблизу ако нема кој да ги запре.

Ако згора на недостатокот на муниција, оружје, гранати итн. имаме и недостаток на војници, тогаш тоа е трагедија,“ порачал Бежеветс.

До сега регрутацијата важеше за мажите постари од 27 години, додека оние од 18 до 27 можеа сами да се пријават за служење. Во украинскиот парламент со месеци се дебатира околу промени во законот за мобилизација со кои границата се симнува на 25 години.

Отпорот кон оваа промена во парламентот е дека за некои пратеници таа е обид на Зеленски да ја префрли на парламентот одговорноста за носење на неизбежно непопуларната одлука.

Законот е одбиен и затоа што не предвидува начин за демобилизација на војниците кои веќе истерале неколку долги тури на фронтот, заради што излегува дека „единствен начин да се вратиш дома е повреден или мртов.“ Други пратеници имаат проблем со мерки како суспендирање на возачка дозвола и запленување на банкарски сметки за сите мажи кои нема да се регистрираат. Стравувајќи од вакви мерки во јануари годинава беа повлечени 700 милиони долари од украинските банки.

„Приоритет треба да бидат гаранциите дека луѓето кои се мобилизирани нема да бидат испратени на фронт без обука и без соодветна опрема. Тоа навистина ги плаши луѓето и создава недоверба во властите,“ изјавил опозицискиот пратеник Володимир Арјев.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Засилени контроли и тестирање за големата кашлица, препорачува Комисијата за заразни болести

Следно

ПАДНАА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ВО МАКЕДОНИЈА: Дали проблемот е во европски или светски рамки останува да видиме!

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop