Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство

January 31, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е „тажен“ поради смртта на „невините Палестинци“ во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег.

„Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во последната година“, рече тој во седиштето на палестинската управа во Рамала на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.

Во израелско-палестинските конфликти во 2022 година загинаа 235 лица, меѓу кои речиси 90 отсто се Палестинци, покажува статистиката на француската новинска агенција врз основа на официјални израелски и палестински извори. ОН процениле дека минатата година бројот на жртви на Западниот Брег бил најголем од 2005 година.

Израел во некои случаи призна дека неговите сили по грешка убиле цивили во, како што ги нарекува, „контратерористички“ рации.

„Палестинците и Израелците имаат зголемено чувство на несигурност, стравот се шири се повеќе и повеќе во нивните заедници и во нивните места за богослужба“, реагираше Блинкен во Рамала.

„Сметаме дека е важно да се усвојат мерки за деескалација, да се запре насилството и да се намали тензијата (…)“, додаде тој, повикувајќи да не се направи ништо што може да го загрози решението во форма на две држави, израелска и палестинска.

Тој ги спомна „проширувањето на (израелските) населби, легализацијата на илегалните населби (што владата не го одобри), уривањето и иселувањето“ извршени од израелските влади.

Блинкен, исто така, рече дека жали што „хоризонтот на надеж за Палестинците се стеснува. И тоа, мислиме, мора да се промени“.

Патувањето на шефот на американската дипломатија, кое долго време беше планирано, започна во неделата во Египет, а завршува денеска навечер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД сакаат да спречат Косово да влезе во Советот на Европа додека не го смени ставот за Заедницата на српските општини

Следно

Мицкоски: Додека Ковачевски трча по Бугарија, а Ахмети си потпевнува, на народот му се плаче- ќе дојде часот кога ќе одговарате!

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop