Британија смета оти не е практично да испраќа борбени авиони во Украина

January 31, 2023
1 min read

„Британските борбени авиони се исклучително софистицирани и потребни се месеци за да се научи како да се управуваат. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат тие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за она што мислиме дека е вистински пристап“, изјави портпаролот на британскиот премиер

Велика Британија не верува дека е практично да испрати свои борбени авиони во Украина, изјави портпаролот на премиерот Риши Сунак, откако официјален Киев навести дека ќе се залага да добие такви авиони.

„Британските борбени авиони се исклучително софистицирани и потребни се месеци за да се научи како да се управуваат. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат тие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за она што мислиме дека е вистински пристап“,

додаде тој.

Еден ден откако и САД одбија да ѝ испратат борбени авиони на Украина, заменик-министерот за одбрана на Полска, пак, Војчех Скуркиевич, исто така рече дека можното испраќање полски борбени авиони Ф-16 во Украина не е предмет на „официјални преговори“.

„Засега нема официјални преговори за испраќање полски Ф-16 во Украина. Тоа прашање не постои“,

изјави Војчех Скуркиевич.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда, пак, го повика Западот да ги остави отворени сите опции за барањата на Украина за оружје, вклучително и за испораката на борбени авиони. Тој во интервју за литванска телевизија рече дека борбените авиони и ракетите со долг дострел се „суштинска воена помош во оваа клучна фаза од војната, каде што ќе се случи пресвртната точка“.

Освен САД, и Германија одлучи да не испраќа борбени авиони во Украина, и покрај засилените повици од официјален Киев до западните земји за испраќање борбени авиони и оружје во земјата, со цел подобро справување со руската инвазија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетник праќал ексциплитно видео од својата малолетна девојка на други лица

Следно

Франција ќе и испорача на Украина уште 12 самоодни хаубици „Цезар“

Latest from Blog

Шокантен извештај: Епштајн ги криел фотографиите и снимките во тајни складишта низ САД

Педофилот изнајмил најмалку шест складишта, претежно во Флорида, за илјадници долари помеѓу 2003 и 2019 година, според истрагата на „Телеграф“. Овие складишта останале неоткриени од американските власти, што сугерира дека тие може

Здружението „Копачка“ подготвува извештај за УНЕСКО и нови активности во 2026 година

Националниот координатор за Конвенцијата од 2003 година на УНЕСКО, Ивона Опетчевска – Татарчевска присуствуваше на Годишното собрание на Здружението „Копачка“ по повод подготовката на новиот шестгодишен извештај за УНЕСКО. -Иако со Копачката

РАИЧЕВИЌ СО ЈАСНА ПОРАКА: Новиот државен обвинител мора да го отвори случајот „Пулс“

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“. Таа истакна

Раичевиќ: Секој што ќе дојде како Државен јавен обвинител има должност да го отвори предметот за „Пулс“

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“. Таа истакна
Go toTop