Во напад на израелската војска близу болницата во Рафа загинаа 11 лица

March 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во напад на израелската војска во близина на болница во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа 11 лица, меѓу кои двајца медицински работници, додека 50 лица се повредени, јавува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелската војска извршила воздушен напад врз шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во непосредна близина на влезот во породилиштето во болницата во подрачјето на Тел ес Султан.

Во нападот загинати се 11 лица, меѓу кои и вработените во брзата помош Абдулфетах Ебу Мери и Салим Џума Шераб.

Во градот Рафа пред израелските напади живееја помалку од 330.000 жители, а сега има околу 1,5 милиони Палестинци кои пристигнаа бегајќи од израелските напади во областа.

Израел започна смртоносна офанзива во Појасот Газа откако на 7 октомври Хамас изврши напад во Израел.

Досега во израелските напади врз Појасот загинаа најмалку 30.320 луѓе.

Израел, исто така, наметна остра блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, на 26 јануари Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

46-годишен скопјанец загина во сообраќајката кај Кичево, дете од возилото е тешко повредено

Следно

Турскиот министер Фидан во Анталија оствари средба со министерот Османи

Latest from Blog

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и
Go toTop