„Не се плашиме“ – илјадници луѓе на погребот на Навални

March 1, 2024
2 mins read

Стотина луѓе со цвеќе и големо присуство на припадници на безбедносните сили се собираат на улиците во близина на Црквата на иконата на Богородица и гробиштата Борисовски во Москва, каде што денеска (1 март) треба да биде погребан опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој почина во затвор под мистериозни околности.

На видеото од влезот на гробиштата, се гледа дека областа е строго опкружена со полициско присуство во услови на тензично расположение додека се проверуваат документите и личните работи на луѓето.

Некои медиуми јавуваат дека услугата за мобилниот интернет во таа област е исклучена, јави рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Полицајци и луѓе се собраа во близина на црквата каде што треба да се одржи погребната церемонија, Москва, 1 март 2024

Полицајци и луѓе се собраа во близина на црквата каде што треба да се одржи погребната церемонија, Москва, 1 март 2024

Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, на мрежата X напиша дека церемонијата треба да започне во 14:00 часот по локално време (12:00 часот по средноевропско време) во црквата во московскиот кварт Марино, каде што некогаш живеел Навални.

Џармиш напиша дека погребните служби првично одбиле да го пренесат телото на Навални од московската мртвечница во црквата, но попуштиле во последен момент.

Ковчегот со телото на Навални беше внесен во црквата, додека насобраните извикуваа „Навални, Навални!“ и „Ти не се плашеше, ние не се плашиме“!

Внесување на ковчегот со телото на Алексеј Навални во црквата, 1 март 2024 година

Внесување на ковчегот со телото на Алексеј Навални во црквата, 1 март 2024 година

На патот од метро-станицата Марино до црквата и гробиштата беа поставени метални огради, додека припадниците на безбедносните сили на двата брега на блиската река Москва ги проверуваат документите и личните работи на минувачите.

Според информативниот портал Сота, најмалку 40 полициски возила со различни големини – од автомобили до автобуси, се паркирани во близина на црквата. Припадници на полицијата со „фантомки“ патролираат во областа.

Полицијата и во четвртокот дозволувала влез на гробиштата откако ги проверила личните документи и поставила прашања за целта на посетата, објави телеграмскиот канал „Можеме да објасниме“.

Полицијци вршеле претрес и на лични предмети со образложение дека се потребни безбедносни мерки.

„И покрај сето противењето, збогувањето со Алексеј дефинитивно ќе биде утре“, наведе Кира Џармиш на мрежата Х во четвртокот.

„Погребна служба во 14 часот, погреб во 16 часот. Доколку сте во Москва, дојдете“, информира Јармиш.

Таа додаде дека погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб.

Родителите на опозицискиот лидер Алексеј Навални, мајката Људмила и таткото Анатолиј, 1 март, Москва, 2024 година

Родителите на опозицискиот лидер Алексеј Навални, мајката Људмила и таткото Анатолиј, 1 март, Москва, 2024 година

Претходните денови стотици граѓани ширум Русија беа уапсени само затоа што положија цвеќе на импровизирани споменици на Навални.

Иван Павлов, истакнат руски адвокат за граѓански права кој ја напушти земјата, рече дека руските власти ќе го сметаат погребот како „непожелен масовен настан“ и ќе се обидат да спречат голем број луѓе да присуствуваат.

„Сигурен сум дека ќе има полициски кордони и видео надзор од сите страни. Како превентивни мерки ќе поканат познати активисти во полициски станици или ќе ги посетат во нивните домови за да ги предупредат. Го видовме тоа и порано“, рече адвокатот.

Навални почина на 16 февруари по долгогодишно заробеништво во кое помина повеќе од 300 дена во самица. Нему му беше одбиена медицинска помош, се пожали дека е подложен на лишување од сон и многу повеќе. Руските судови отфрлија повеќе од 40-те жалби што тој ги поднел за наводна злоупотреба.

Во четвртокот, Европскиот Парламент усвои резолуција со која се обвинуваат руската држава и претседателот Владимир Путин за смртта на Навални.

„Европскиот Парламент остро го осуди убиството на Алексеј Навални и ја изразува својата целосна поддршка на Јулија Навални, која е решена да ја продолжи работата што Алексеј Навални ја започна со нејзина поддршка“, соопшти Европскиот Парламент.

Во резолуцијата се наведува дека политичкиот систем на Русија е под контрола на авторитарен режим „кој работи во средина на широко распространета корупција, користи наместени избори за да даде изглед на демократија и ја концентрира целата моќ во рацете на Владимир Путин“.

„Алексеј Навални ја отелотвори борбата за слобода и демократија со својот сон за „убава идна Русија“, рекоа пратениците во Европскиот Парламент и ги повикаа сите членки на ЕУ да продолжат да покажуваат непоколеблива солидарност и активна поддршка кога станува збор за независна Русија, граѓанското општество и демократската опозиција.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Предлог-одлуката за пониски плати на функционерите и пратениците поддржана од собраниската Комисија за избори и именувања

Следно

Министер на египетското МНР: Официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ги развиваат билатералните врски

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop