Лајчак по средбата за употребата на динарот во Косово: Ќе бидат потребни дополнителни средби

February 27, 2024
1 min read

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак денешната средба на претставниците на Белград и Приштина ја оцени како важен прв чекор, но дека се неопходни и други средби бидејќи многу политички прашања остануваат неодговорени.

„Ја поздравувам посветеноста на страните за изнаоѓање одржливо решение за заедниците погодени од неодамнешниот декрет на Централната банка на Косово. Денешниот состанок во рамките на Дијалогот беше важен прв чекор, но многу политички прашања остануваат неодговорени. Ќе бидат потребни дополнителни состаноци. “, напиша Лајчак на мрежата Икс.

Откако тој одделно се сретна со делегациите на двете страни, имаше средба и со финансиски експерти од Србија и Косово, на која се разговараше за можното решение на прашањето за динарот во Косово. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во образованието не можат да ги уживаат придобивките од колективниот договор

Следно

Владата го утврди и усвои текстот за најголемиот стратешки документ

Latest from Blog

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На
Go toTop