Главна тема на средбата е регулирањето на динарскиот платен промет во Косово.
Српската делегација е составена од претставници на Министерството за финансии и на Банка Поштенска штединица, како и на Канцеларијата за координативни работи.
По средбата со претставници на Белград, Лајчак ќе се сретне со косовската делегација.
Главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими не пристигнал во Брисел.
По средбите ќе биде одлучено дали ќе има заедничка средба помеѓу српската и косовската делегација и Лајчак./МИА
Извор: kanal5.com.mk