Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

January 31, 2023
1 min read

Во Франција денеска повторно се очекува бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.

Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.

Производството на струја е помало за 4,4 отсто, односно 2,9 гигавати, бидејќи во штрајкот учествуваат вработените во термоцентралите и нуклеарните централи, соопштија од енергетската компанија ЕДФ.

Само еден од трите француски брзи TGV возови работи денеска, регионални и локални возови има се помалку, а париското метро работи со многу ограничувања.

Половина од наставниците во основните училишта, според нивниот синдикат, ќе се приклучат на штрајкот, а со работа ќе престанат и вработените во нафтената индустрија.

Нафтената компанија „Тотал Енерџи“ најави дека нејзините производи нема да се транспортираат поради протестите, но истовремено потенцираа дека бензинските пумпи се добро снабдени.

„Реформата е брутална и неправедна“, рече претседателот на синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, додавајќи дека пензиската реформа претставува „чекор наназад во социјална смисла“.

Според анкетите, мнозинството француски граѓани се против пензиските реформи предложени од претседателот Емануел Макрон и неговата Влада, но засега ниту една страна не покажува намера да отстапи. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Украина го критикува Милановиќ за неговите коментари за Крим

Следно

Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023

Latest from Blog

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,
Go toTop