Украина го критикува Милановиќ за неговите коментари за Крим

January 31, 2023
1 min read

Реакцијата на украинската дипломатија која ги нарече неприфатливи изјавите на хрватскиот претседател е одговор на коментарот на Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени како неприфатлива изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој вчера кажа дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола. Според украинското МНР, со оваа изјава Милановиќ го довел во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во деведесеттите, додека Хрватска се бореше да ја зачува својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам“,

напиша портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко, на Фејсбук.

Во обајавата на Фејсбук портпаролот на МНР на Украина додава оти поради надворешната агресија Хрватска можела да изгуби една третина од својата територија, но како што вели, благодарение на херојската борба, Хрватите успеале да ја заштитат независноста на својата земја.

На крајот на објавата Николенко вели оти изјавите на Милановиќ за Крим се неприфатливи бидејќи го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Наместо тоа, ние многу ја цениме и им благодариме на хрватската влада и на хрватскиот народ за нивната непоколеблива поддршка на Украинците во борбата против руската агресија“,

заклучи тој.

Реакцијата на украинската дипломатија е одговор на коментарот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.

Милановиќ додаде и дека Хрватска, освен со испраќање хуманитарна помош во Украина и осуда на агресијата, не треба да биде учесник во конфликтот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсења на Бит Пазар и во Карпош поради дрога

Следно

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена

Британски Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на Путин

Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на

Потпишан договорот за финансирање: Вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце ќе чини 198,4 милиони евра и ќе има пет тунели

Изградбата на вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце се очекува да започне во август и да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Според него, проектот

Општина Битола: Инвестиција во комуналната хигиена – пристигна нова опрема

Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште два камиони за подигнување на отпад со капацитет од 12 кубни метри, со што вкупниот број на досега испорачани возила достигна шест од планираните десет. Возилата
Go toTop