Киев и западните лидери се обединија во „јасна порака“ до Русија на двегодишнината од инвазијата

February 24, 2024
3 mins read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев рано утрово на 24 февруари, заедно со други странски лидери и високи функционери, кои сакаат да испратат цврста порака на отпор на втората годишнина од почетокот на руската сеопфатна инвазија на Украина.

Во меѓувреме Москва се обидува да профитира од нејзините неодамнешни придобивки со најавата за посета на рускиот министер за одбрана на окупираната украинска територија.

Западни лидери во посета на Киев

Фон дер Лајен отпатува во украинскиот главен град од Полска со воз заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Џастин Трудо и белгискиот премиер Александар Де Кро, се вели во соопштението на италијанската влада.

Мелони треба да биде домаќин на видео-конференција во која ќе бидат вклучени лидерите на Групата седум (Г7) за време на која се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја охрабри тековната поддршка за да се победи првата воена инвазија во Европа по Втората светска војна.

По пристигнувањето, фон дер Лајен објави, заедно со нејзина фотографија на железничката станица Киев, дека е таму за да ја одбележи мрачната годишнина „и да го прослави извонредниот отпор на украинскиот народ“.

„Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме покрај Украина“, рече таа, „Финансиски, економски, воено, морално…додека земјата конечно не се ослободи“.

Пред да пристигне во Украина, Трудо преку „Х“ го сподели мислењето на неговата министерка за надворешни работи Мелани Џоли „дека Канада и нејзините сојузници испраќаат јасна порака до [Русија]: „Украина нема да биде поразена пред илегалната војна на Путин“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, преку изјава по повод годишнината, рече дека Русија „исто така го уништува мирот во Европа“. Тој ги повика Германците и сите Европејци „да направат уште повеќе за да можеме ефикасно да се браниме“.

Шолц рече дека Германија целосно ја исполнува целта на НАТО за инвестирање од 2 отсто од вкупното економско производство да вложи во својата војска, за прв пат по децении.

Посетата на функционерите доаѓа еден ден откако Соединетите Американски Држави и Европската Унија објавија нови рунди од стотици санкции насочени кон Русија и официјални лица одговорни за војната. Украинските власти очајно ја молат меѓународната заедница да не ја прекинува поддршката или да ги „исцрпи емпатијата. “

Украинците жестоко се бореа откако започна руската инвазија на стотици илјади војници на 24 февруари 2022 година, откако рускиот претседател Владимир Путин се обиде да фрли сомнеж врз украинската нација и на крајот рече дека целта на Москва е „денацификација“ и демилитаризација на владата на Украина.

Но, тоа беше и кулминација на одземање на земјиштето што започна осум години порано во 2014 година, кога Русија тајно го нападна, а потоа го анектира Крим од Украина и почна интензивна поддршка на вооружените украински сепаратисти во источна Украина.

Обединетите нации со големо мнозинство гласаа за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Но, огромниот пакет помош предложен од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден беше блокиран првенствено од републиканците во Конгресот.

Европската унија успеа да го усвои својот пакет помош од 54 милијарди долари за Украина претходно овој месец и покрај неволноста од нивната членка Унгарија и разговорите за заморот во Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во снимената изјава за годишнината рече дека „ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна“ и „Целта на претседателот Путин да доминира во Украина не е променета и нема индикации дека се подготвува за мир. Но не смееме да се обесхрабриме“.

Претходно оваа недела, Столтенберг за украинскиот сервис на РСЕ изјави дека Алијансата е предност што ниту Русија, ниту Кина не можат да ја остварат.

На Генералното собрание на ОН на 23 февруари, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека „Целта на Русија е да ја уништи Украина и тие се прилично отворени за тоа“, додавајќи дека „Единствената причина за оваа војна беше и останува руското негирање на правото на Украина да постои и нејзиното континуирано колонијално освојување“.

Руските сили минатата недела го зазедоа претежно уништениот источен град Авдијивка, додека преостанатите украински војници се повлекоа поради пријавениот недостиг на муниција за да и ја предадат на Москва првата значајна придобивка на територија за речиси една година.

Шојгу во посета на војниците

Руската војска на 24 февруари соопшти дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил војниците во окупирана Украина во јасен обид да испрати порака до Украина и нејзините бранители, како и до руската јавност подложена на тешка цензура и казни за антивоените неистомисленици како се одвива „специјалната воена операција“.

„Денес, во однос на соодносот на силите, предноста е на наша страна“, официјалните претставници ја цитираа изјавата на Шојгу пред војниците во рускиот команден центар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи интервјуто на конзервативниот канал Фокс њуз за да го повика американскиот Конгрес да усвои пакет помош од 60 милијарди долари за да и помогне на неговата земја да се одбрани, велејќи дека тоа е поевтино од последиците од руската победа.

Зеленски ги повтори предупредувањата и на другите соседи на Русија дека Путин ќе продолжи понатаму во Источна Европа доколку ја освои Украина.

Зеленски зборуваше од бомбардирана зграда во источниот град Харкив, а во позадина се слушаа експлозии.

„Дали Украина ќе опстане без поддршката на Конгресот? Се разбира. Но, не сите ние“, рече Зеленски.

Украинската војска соопшти дека уништила руски авион за набљудување А-50 по новата рунда руски напади со беспилотни летала и ракетни напади врз неколку украински региони на 23 февруари, што доколку се потврди ќе означи загуба на вториот А-50 за нешто повеќе од еден месец. .

Генералот назначен неодамна од Зеленски за врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирскиј, на 24 февруари рече дека е „убеден дека единството е наша победа“.

„Тоа дефинитивно ќе се случи“, рече тој, „бидејќи светлината секогаш ја победува темнината!

Колкави се жртвите?

Земајќи ја во предвид двегодишнината од инвазијата, украинскиот Генералштаб тврди дека Русија претрпела жртви од околу 409.000 војници од 24 февруари 2022 година.

Двете страни ги класифицираат бројките за жртвите, а РСЕ не може да ја потврди точноста на извештаите на двете страни за развојот на бојното поле во областите на тешки борби или тврдењата за жртви.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

Следно

Пожар во станбена зграда одзеде 15 животи во Кина

Latest from Blog

Мицкоски: Резултатoт на македонските ракометари е вреден како за победа!

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва се огласи по повод нерешениот резултат на македонската селекцијата на стартот на Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.  Како што вели, резултатот е

Нерешено, што лесно можеше да биде и победа против Унгарија

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено, 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското ракометно првенство. Во Вараждин, македонските ракометари покажаа дека може да се носат и против фаворизираната Унгарија и имаа контрола

ВИДЕО: Нови експресни патишта, енергетска транзиција и засилена економска соработка

Посветеноста на работниците на патот Градско–Дреново и решеноста на владата овозможија делницата да биде завршена во најкус рок, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Муцунски очекува во 2025 година да бидат направени

Фон дер Лајен: Израел и Хамас мора „целосно да го спроведат“ прекинот на огнот

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата за прекин на огнот и договор за ослободување заложници меѓу Хамас и Израел, повикувајќи ги „целосно да го спроведат“ договорот. „Двете

Хамас за договорот за прекин на огнот во Газа: „Пресвртница во борбата против израелската окупација“

ГАЗА (АА) – Хамас го опиша договорот за прекин на огнот со Израел во Појасот Газа постигнат денес, а кој треба да стапи на сила во недела, како „пресвртница“ во неговата борба
Go toTop