Почна собирањето на потписи- 10 000 се услов за влез во претседателската трка

February 23, 2024
1 min read

Почнувајќи од денеска до 8 март, претседателските кандидати мора да соберат 10.000 потписи од гласачите запишани на избирачкиот список за официјално да се кандидираат за претседател. Ова или собирањето на најмалку 30 потписи од пратениците во Собранието се единствените две опции за кандидатура.

ДУИ почна да собира потписи за кандидатурата на Бујар Османи, а лидерот на оваа партија по потпишувањето во Кичево, повтори дека овие избори се можнос за отстранување на пречките на патот кон ЕУ.

„Нашата земја треба да оди напред кон членството во Европската унија, да заклучиме важни прашања кои во моментов ни се презентирани како пречка за отворање на нови хоризонти… со овие избори кои се клучни за иднината, да ѝ кажеме „стоп“на Русија и „да“на Европа…“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Постапката за собирање на потписи ја почна и Левица со својата кандидатка Билјана Ванковска. Таа се пожали на опструкции за пристап до канцелариите на ДИК за лицата со попреченост

Потписи ќе треба да соберат и кандидатот Арбен Таравари од ЕСП, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ, градоначалникот на Карпош и претседател на Гром, Стевче Јакимовски, како и независниот кандидат од редовите на ВМРО, Веле Марковски.

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, нема да има потреба да собира потписи од гласачите, бидејќи обезбеди 30 потписи од пратениците. Ако обезбеди иста поддршка од пратениците, тогаш и на Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, нема да му требаат потписите на 10.000 гласачи. Сепак нема пречка да собираат и потписи од гласачите.

Потписи се собираат во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија на целата територија на државата. Работното време во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 до 20:00 часот, вклучувајќи деновите, сабота и недела и празници./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈПОЗНАТИОТ ТУРСКИ ДОКТОР ГО РАЗОТКРИ ТОШИЌ – фудбалерот има проблем, па сака да го реши – откако објавија фотографија сите знаат што го мачи Душко

Следно

ОН повикаа на процесуирање на злосторниците во конфликтот во Газа

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop