Учениците сеуште не се чуствуваат слободно да се обратат до училишните психолози

February 18, 2024
1 min read

Некои основци сè уште се колебаат да го посетат училишниот психолог и покрај грижите и проблемите што ги имаат. Бесиме Камбери, психолог во ОУ „Бајрам Шабани“ во село Кондово, општина Сарај за Алсат вели дека посетата на училишниот психолог продолжува да се третира како срам, додека како што вели, само учениците кои прават проблеми треба да го направат тоа. Таа додава дека учениците самоиницијативно треба да бараат помош од психолог за полесно да ги надминуваат проблемите.

„Сè уште мислат дека ако одиш на психолог, нешто не е во ред, има некакво нарушување, емотивно или некој семеен проблем. Но, има и такви кои велат дека одам на психолог затоа што само сакам да разговарам, да добијам совет. Во последно време забележувам дека многу од учениците имаат желба да се покажат, да бидат подоминантни кон другите ученици, малку се поагресивни. Ако види слаба точка кај соученикот,напаѓа токму таму. Им предложив на сите родители да поминуваат што е можно повеќе време со своите деца и да разговараат што е можно повеќе, а потоа да дојдат на ред нивните желби“, рече Бесиме Камбери, училишен психолог.

Додека дел од учениците ја отфрлаат можноста да посетат психолог, останатите рекоа дека без двоумење би побарале помош и совет, доколку се укаже потреба.

„Психологот ни го кажува најдоброро. доколку имаме некаков проблем или нешто, тоа го поделуваме со психологот“,рече една ученичка.

„Треба да се посети психологот затоа што таму можеме да ги кажеме нашите проблеми, како се чувствуваме, дали некој врши булинг врз нас. Кога го споделувате вашиот проблем, чувствувате олеснување“, додаде друга ученичка.

Според Министерството за образование и наука, во земјава има вкупно 365 основни училишта, од кои некои работат без психолози и друг неопходен кадар./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Некој нека ѝ помогне на оваа жена“: Милица Дабовиќ ги шокираше сите, претера во провоцирањето (ВИДЕО)

Следно

Земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер во Бугарија

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на
Go toTop