Нова паника, руски нуклеарки во вселената

February 16, 2024
1 min read

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјавил дека се работи за капацитети кои не се активни и кои не распоредени, и потврдува дека истите се поврзани со „анти-сателитски способности што Русија ги развива.“

„Не зборуваме за оружје кое може да биде употребено за да нападне луѓе или да предизвика физичко уништување тука на Земјата. Имајќи го тоа предвид ние од блиску ја мониторираме оваа руска активност и ќе продолжиме сериозно да ја следиме,“ порачал Кирби.

Се работи за нуклеарно оружје кое не е на нуклеарен погон.

По почетокот на војната во Украина, Русите посебно беа вознемирени и начекани неподготвени од користењето на воени сателити и Старлинк системот за следење на руски мети и обезбедување комуникација на украинската армија.

Во последниве речиси 20 години и Кина и Русија имаат изведено успешни вежби во кои со проектили лансирани од Земјата уништија „мртви“ сателити во вселената.

Бидејќи информацијата протекува од тајни документи, американски конгресмени бараат нивно декласификување за да може отворено да се разговара за оваа закана.

Дел од западните експерти објаснуваат дека нема потреба од претерано паничење бидејќи секоја употреба на нуклеарно оружје во вселената ќе им наштети и на западни, но и на руски сателити, плус потсетуваат дека Русија е обврзана со договорот од 1967 со кој се забранува лансирање или испраќање на нуклеарно оружје во вселената.

„Кога ќе детонираш нуклеарно оружје во вселената генерираш огнена топка… меѓутоа исто така генерираш и електромагнетски пулс кој ќе ги спржи електричните кола на сè што не е заштитено во радиус од неколку илјади километри.

Пулсот би можел да изгаси и електрани на Земјата доколку бомбата е детонирана над населено место,“ изјавил професорот од Универзитетот во Лечестер, Бледин Бовен.

Во 1960 и 1970 Советите испраќаат нуклеарно оружје во вселената но за гаѓање мети на Земјата, меѓутоа заклучуваат дека тоа ем не е многу корисно, ем е многу скапо.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска: Не се размислува за враќањето на задолжителниот воен рок

Следно

Критики од стопанските комори за незавршениот автопат Кичево-Охрид

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop