Блинкен во Тел Авив: Визијата за мирот е долго блокирана, но е единствен пат напред

January 30, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив ги повика Израел и Палестинците да ги смират тензиите и повтори дека одамна блокираната визија за мир е „единствениот пат“ напред.

– Одговорност на сите е да преземе чекори за смирување на тензиите, а не да ги разгоруваме, истакна Блинкен.

Тој наведе дека минатонеделниот напад врз синагогата во Ерусалим „беше повеќе од напад врз поединци, тоа беше и напад на универзалниот чин на практикување на својата вера“.

– Ги осудуваме сите оние кои слават какви било акти на тероризам што одземаат невини животи, без оглед кој е жртва или во што верува, наведе Блинкен, додавајќи дека повиците за одмазда против невини жртви не се одговор.

Претходно, Блинкен во Каиро изјави дека Вашингтон и понатаму цврсто верува во преговараното решение „две држави како единствен пат кон трајно решение на конфликтот“.

Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси за начините за намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, како дел од тридневната посета на земјите од Блискиот Исток. За утре е предвидено Блинкен сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија објавен Речник на македонски глаголи

Следно

Запалено напуштено возило кај Народна банка

Latest from Blog

Виктор Емануел II

Виктор Емануел II бил сардински, а подоцна и италијански крал и една од најважните личности во периодот на италијанското обединување во 19 век. Во Италија е познат како „татко на татковината“, бидејќи

Аморим нема да остане долго без работа, веќе е позната неговата следна дестанија?

фото: Manchester United (X) Само неколку дена откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се поврзува со брзо враќање во менаџерската кариера, а извештаите сугерираат дека тој е фаворит да ја

Денеска во Швајцарија ќе се одржи комеморација за жртвите од пожарот во барот

Комеморацијата за жртвите од пожарот во барот во Кранс-Монтана, Швајцарија, ќе се одржи денеска во Изложбениот и конгресен центар Мартинхи (CERM) со почеток во 13:45 часот. Своето присуство го најавија претседателот на

Домашна крем супа од печурки

Состојки: 500 грама мешани печурки 1 црвен кромид 2 чешниња лук 1 морков 200 мл бело вино 250 мл млеко или павлака за готвење масло или путер зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина

СЕСТРАТА НА СТИВЕН ИВАНОВСКИ ИЗЛЕГЛА НА ВОЗДУХ И СЕ СПАСИЛА: Семејството бара донации за погребални трошоци по смртта на тинејџерот во Кран-Монтана

Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци. Шеснаесетгодишниот Стивен бил
Go toTop