Мегваер: Хојлунд ќе биде голем играч за Манчестер Јунајтед

February 14, 2024
1 min read

Расмус Хојлунд конечно ги покажува голгетерските квалитети кои го донесоа во Манчестер Јунајтед. Данецот забележа пет гола во шест натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите, но мораше да почека 14 натпревари за да го постигне својот прв гол во Премиер лигата.

Во последните недели тој беше еден од најефикасните напаѓачи во лигата откако постигна пет гола на пет натпревари.

Искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, изјави дека сите во тимот се убедени дека Хојлунд ќе биде успешен бидејќи на тренинзите гледаат колку талент тој поседува.

– Тој ќе биде голем играч за овој клуб. Сигурен сум дека претстојат уште многу голови за него. Делува толку зрело за неговата возраст. Тој мораше да носи многу тежина на рамениците кога дојде – да биде главен напаѓач за Манчестер Јунајтед. Мораше да играј на секој натпревар поради повредите што ги имавме. Но, знаевме дека ќе биде успешен бидејќи на тренинзите можевме да ја видиме работата што ја врши, талентот што го има и физичката подготвеност да игра во Премиер лигата, рече Мегваер, цитиран од англиските медиуми.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Монтипајтоновци се испокараа на стари години

Следно

ТАТКО МУ НЕ МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ: Синот на Северина најде начин да и прати подарок на својата мајка за Денот на вљубените, ќе ве облеат емоции (ФОТО)

Latest from Blog

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9
Go toTop