Прва жртва на неодамна откриениот вирус – „Алјаска сипаници“

February 14, 2024
1 min read

Постар човек почина од вирусот АКПВ, познат и како „вирусот на сипаници од Алјаска“. Тоа е прва потврдена смрт од новооткриениот вирус, соопштија здравствените власти на Алјаска.

Пациентот бил хоспитализиран во ноември минатата година, а починал кон крајот на јануари, пишува Гардијан.

Како што се додава, пациентот бил веќе болен од карцином, поради што имал ослабен имунолошки систем, а се верува дека вирусот го добил од мачка скитник. Иако тестовите на мачката биле негативни, се вели дека вирусот можел да биде присутен под канџите на животното.

Симптомите на вирусот може да вклучуваат осип, отечени лимфни јазли и болки во зглобовите или мускулите.

Покрај најновиот, уште шест случаи на вирусот биле пријавени кај здравствените власти на Алјаска откако првпат беше пријавен во 2015 година, а сите случаи се во областа Фербенкс, која е на повеќе од 300 милји од полуостровот Кенаи.

Претходно пријавените случаи на сипаници од Алјаска имале благи симптоми и закрепнале без хоспитализација.

Не е јасно како се пренесува AKPV, но истражувачите веруваат дека може да се пренесе од животните на луѓето.

Иако досега не се документирани случаи на пренос на вирусот на сипаници од Алјаска од човек на човек, здравствените власти им препорачаа на луѓето темелно да ги мијат рацете, да не ја делат облеката со други и да ја мијат облеката и постелнината на болните одвоено од други.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија уништи делови од ѕидот на зградата на Црвен крст

Следно

Од забава до зависност од коцкање – лекување ретко кој бара

Latest from Blog

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,
Go toTop