Еурофарм Пелистер го пречекува ПСЖ во полна сала

February 13, 2024
1 min read

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.

– Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена“, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети.

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот

Следно

Потресна исповед на српска актерка: Бев сексуално вознемирувана кога имав 5 години

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop