Белата куќа до гуша во извештајот за проблемите на Бајден?

February 13, 2024
1 min read

Се работи за извештај подготвен од специјалниот советник Робер Хур, кој се однесува на откриените доверливи документи во гаражата на Бајден. Од 345 страници извештај, целосното внимание го привлекоа неколку пасуси во кои лица што работеле на истрагата изјавуваат дека за време на сведочењето Бајден имал сериозни пропусти во сеќавањето, пример не знаел која година бил потпретседател или која години починал син му Бо. Околу ова извештајот заклучува дека Бајден се претставил себе си како „постар човек во слаба меморија.“

По ова, демократите одма удрија на Хур и неговиот извештај, а и самиот Бајден е гневен, за на прес-конференција следниот ден да порача дека неговата меморија е одлична.

Поранешен помошник на претседателот пак ги обвинува луѓето околу него што дозволиле Бајден да биде испрашуван во периодот по нападот на Хамас од 7 октомври, кога претседателот минува часови и часови со своите советници за национална безбедност.

Во исто време актуелните советници на Бајден гледаат како да го смират пожарот предизвикан од извештајот, а Камала Харис порача дека извештајот „не е можно повеќе да ги има згрешено фактите и дека тој е очигледно политички мотивиран.“

Бидејќи извештајот е објавен во иста недела кога Бајден прави неколку позабележителни грешки (ги помеша претседателите на Египет и Мексико) дел од демократите стравуваат дека тоа ќе стави крај на неговата претседателска кампања. Подоцна, луѓе блиски на Бајден отфрлија дека тој планира да се откаже од трката за реизбор.

И по извештајот неговиот штаб не планира да ја смени стратегијата и да го претстави Бајден како спротивност на Трамп, додека активностите во изборната кампања за сега ќе бидат ограничени на помали настани или интервјуа со нетрадиционални медиуми како подкасти.

Луѓе што и понатаму работат со Бајден, за Вашингтон пост признаваат дека тој изгледа и звучи старо, но е далеку од проблеми со меморија, потсетувајќи дека тој и понатаму секој ден интензивно работи долги часови.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рокот за нови налепници продолжен до крајот на 2024 откако видоа долги редици

Следно

АНГЕЛИНА ДИМОСКА-МИТАШЕВА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Latest from Blog

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop