ВМРО ДПМНЕ: ОЈО да поведе постапки против Спасовски за пасошите

February 13, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од екс-министерот Оливер Спасовски и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, поради, како што велат, хаосот со издавањето на лични документи. Според опозицијата, Спасовски треба да одговара за несовесно работење во службата зашто дозволил да се издаваат патни исправи, иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред определениот рок на истек назначен во пасошите. Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа да реагираат и Обвинителството, но и Народниот правобранител.

„Очекуваме од Јавното обвинителство и Народниот правобранител да поведат постапки против Спасовски и Ковачевски, но и Владата во целост, кои ја доведоа целата нација во заблуда и материјален трошок. Загрозени се основните човекови права и само поради власта во заминување на СДСМ и ДУИ, голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија“, рече Игор Јанушев – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега нема одговор од Обвинителството и Омбудсманот на повикот на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ уште обвинија и дека Спасовски и Ковачевски не обезбедиле навреме ниту обрасци за документите.

Во меѓувреме, претседателот на СДСМ истакна дека на ваквата состојба влијаела пандемијата и изрази жалење за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

„Имавме две години пандемија, којашто ги наруши и каналите на снабдување, ги наруши и голем број на производствени процеси во фабриките што произведуваат документација, а секако и можноста за брзо издавање на документи, со оглед на тоа дека две години имавме мерки на физичко разграничување на граѓаните“, рече Ковачевски.

Ковачевски индиректно спомена дека на состојбата влијаеле и, како што нагласи, популистичките изјави на дел од политичарите кои повикувале граѓаните да не ги заменуваат документите, зашто тие ќе го врателе старото уставно име, но сега кога станале дел од власта воопшто не зборуваат за повторна промена на Уставот.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре е Св.Валентин- Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

Следно

Ескобар: Едностраните потези на Косово ќе имаат последици

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop