Јанушев: Спасовски им нанесе материјална штета на граѓаните со издавање на лични документи кои знаел дека нема да важат

February 13, 2024
1 min read

Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се креаторите на хаосот со роковите на важење на личните карти и возачките дозволи со тоа што свесно ги довеле граѓаните во трошок и им нанеле материјална штета, рече денеска Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, иако Спасовски и Ковачевски знаеле дека од февруари 2024 години личните карти и возачките дозволи нема да важат, само заради договорот кој тие го потпишаа решиле да ги издаваат документите.

И Спасовски и Ковачевски до пред месец дена лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за вчера да мораме да одржиме итна седница во Собранието за да го спречиме хаосот кои тие го создадоа со донесување на законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи.

Двоецот на СДС – Спасовски и Ковачевски нанесоа материјална штета на десетици илјади граѓани. СДС знаеле дека личните документи нема да важат и свесно молчеле за да не бидат предмет на критика од народот.

Го повикуваме ЈО да постапува согласно закон и да поведе постапка, но и Народниот правобранител да ги заштити граѓаните кои ги извадиле соодветните документи.

Очекуваме од ЈО и Народниот правобранител да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која ја довела целата нација во заблуда и материјален трошок“, рече Јанушев.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Се сретнале на Јахорина, тој од Скопје, таа од Москва“: „Компас бенд“ сними песна според вистинска љубовна приказна

Следно

Нина Неданоска: ЕСГ-стандардите се силно вклучени во стратегијата на Шпаркасе Банка

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop