Шпанија ќе ја ограничи употребата на вода

February 12, 2024
1 min read

Шпанските туристички региони Андалузија и Каталонија се соочуваат со недостиг на вода поради малите или никакви врнежи на дожд, па во текот на претстојното лето имаат намера да ја ограничат потрошувачката на вода од локалното население и туристите, најавија нивните власти.

Во јануари температурите во крајбрежните региони достигнаа 30 Целзиусови степени, што досега беше невидено, објави метеоролошката служба АЕМЕТ.

„Со оглед на тоа што не врнеше дожд во ноември, декември и во јануари, се соочуваме со исклучително тешка ситуација“, изјави Хуанма Морено, претседател на регионалната влада на Андалузија.

Во оваа најнаселена шпанска провинција 8,5 милиони жители традиционално живеат од земјоделство и туризам. Во нејзините акумулирани езера, од каде што се снабдуваат домаќинствата со вода, нивото на водата падна на 20 отсто од капацитетот, а некаде под 10 отсто.

„Луѓето мора да бидат подготвени за ограничувања ова лето“, рече Морено./makfax

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинските бегалци во Рафа велат дека повеќе би сакале да умрат отколку да го напуштат Појасот Газа

Следно

Вооружен маж упадна во бродска компанија во Атина и уби три лица

Latest from Blog

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9
Go toTop