Блинкен на дипломатска турнеја по Блискиот Исток

January 30, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала.

Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го запрат.

Египетскиот претседател Ал Сиси, незаменлив учесник во посредувањето во израелско-палестинскиот конфликт, го прими Блинкен во Каиро. Тие разговараа за тековните напори за деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, нагласувајќи ја важната улога на Каиро во „промовирање на регионалната стабилност“.

Блинкен, по денешната посета на Каиро, ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, а потоа и во Западниот Брег на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Блинкен за саудиската телевизија Ал Арабија изјави дека сака да разговара со израелската влада и со лидерите на палестинските власти. – Сакам да слушнам што имаат да кажат луѓето кои се погодени секој ден (од конфликтот), рече Блинкен.

По разговорот со Ал Сиси, Блинкен во Каиро се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.

Иако САД и Египет се важни дипломатски актери, експертите сметаат дека просторот за маневрирање на американскиот државен секретар е ограничен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска разрешна од позицијата претседател на ЗЕЛС

Следно

Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop